Во два одвоени случаи во текот на вчерашниот ден во СВР Охрид е пријавено каснување од кучиња, во едниот од домашен миленик, а во другиот од куче скитник информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 13.05.2022 година, 38 годишна охриѓанка, во надлежната полициска станица пријави дека, нејзиниот син, на улицата „Александар Гушо“ во Охрид бил каснат од куче-домашен миленик, сопственост на охриѓанец. Истиот ден, 44 годишна жена од охридското село Велгошти, пријави дека на улицата „Илинденска“ во селото, била касната од куче скитник, додава Димоски.

OhridNews