Италијанскиот интернационалец Марио Балотели го одбележа триумфот на Ница над Олимпик Марсеј (3-2) во последниот меч од четвртата рунда во Првата француска лига.
Балотели два пати ја погоди мрежата на гостите. Прво во 7-та минута за водство 1-0, а потоа во 78-та минута за реми 2-2. Погодок за победа за домаќините го постигна Вилијан Кипријен во 88-та минута од натпреварот.
Со двата голови во новиот клуб Балотели решително тргнува да ја спаси кариерата која му тргна надолу по заминување од Манчестер Сити.
OhridNews