Македонската футсал репрезентација на 5-ти и 6-ти Септември ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Србија. Средбите ќе се играат во Велес и Куманово, а се во рамките на подготовките за следниот квалификациски циклус.


Ова е убава можност за реванш на избраниците на селекторот Васко Скендеровски за поразите што ги доживеавме при последното гостување на Србија во Македонија во Декември 2009г. кога бевме поразени со 6-1 и 2-1.

Србија е една од најсилните европски селекции и редовен учесник на големите натпреварувања.

ohridnews