Горан Пандев ќе паузира два мечеви во Серија А, откако дисциплинската комисија го казни македонскиот репрезентативец за директниот црвен картон на мечот со Пескара кој заврши без победник (1-1).


Капитенот на „црвено жолтите“ упати погрдни зборови до главниот судија Парати кој го исклучи, а подоцна го пријави и во записникот после натпреварот.


Пандев ќе ги пропушти натпреварот со Болоња и Емполи, а во комбинација ќе се врати за дуелот со Сампдорија.

OhridNews