Два нови случаи на кражба на македонски регистарски таблички во Грција
27.07.13 13:52
Изминатава недела, граничната полиција евидентирала два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички од возила на наши државјани, кои биле на летување во соседна Грција, во туристчкото место Ханиоти.
Во изминатиот период, заклучно со овие два случаи, од страна на нашата гранична полиција евидентирани се 27 одземања на регистарски таблички од кои 12 се украдени во Ханиоти и пет во Неа Пори. На 18 возила им се украдени и двете регистарски таблички, а на останатите 9 по една.
Од вкупниот број случаи, 18 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.
Покрај ова, регистрирани се и четири случаи на оштетувања на возила на задната табличка на возилото, пришто со црн спреј е избришана ознаката „МК“, додека во некои случаи било напишано „ГР“.
Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови од државава.
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена Како ...
На 14112025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи Из...
На 15112025 во 03:45 часот во сПодгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од сОровник, охридско При...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.