Во билтенот на МВР, денес, информации за два нови поединечни случаи на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници во главниот град на земјава.
Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Центар, 59-годишен скопјанец пријавил дека на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Истиот ден, во 08.40 часот во Полициската станица Драчево, 58-годишен жител пријавил дека претходниот ден околу 18.15 часот на улица „Антон Димитров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Поради нерешавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во земјава речиси секојдневно има пријави од каснати граѓани. Минатата недела само во два дена беа пријавени три случаи во Скопје, а пред два дена на охридскиот плоштад од куче скитник беше каснато малолетно девојче.