Според последните податоци од македонските гранични полициски служби, деновиве, уште две  возила на македонски државјани се оштетени во соседна Грција.

Имено, во Пефкохори искршена е шофершајбната (предното стакло) на патничко возило “Сеат“ со скопски регистарски таблички, а во туристичкото место Калитеа, било оштетено возило марка “цитроен“ од Ново Село, чија цела лева страна била изгребана, а ознаката МК на предната регистарска табличка била препокриена со црвена боја.

Со овие два нови случаи досега се оштетени 19 возила, а од 40 возила се украдени регистарските таблички.

OhridNews