Ф.Работнички го демолираше градскиот ривал МЗТ Фон со 77-53 во дерби мечот од второто коло на првата македонска кошаркаска лига.

До прва победа стигна актуелниот носител на двојната круна Фени Индустри кој во салата Јасмин го совлада битолски Пелистер со 84-75.

Екипата на Овче Поле која во елитата влета на местото од Струмица стигна до втората победа совладувајќи го Поп спорт со 90-71.

На отворањето на второто коло,во петокот Амак СП ги совлада Соколи со 100-83.

Наредно коло (22 ОКТОМВРИ)

МЗТ Скопје – Фени индустри
Торус – Ф. Работнички
К. Соколи 2000 – Вардар 2000
Поп спорт – Амак СП

M.П.