Ракометарките на Лихнид ја забележаа втората победа во Младинската лига, откако на гостински терен со 22-12 (11-4) ја совладаа екипата на Гевгелија.

До вториот триумф „китовите“ стигнаа со маестралната игра во одбрана која дозволи само четири голови во првото полувреме. Нападот стандардно беше ефикасен за водство од 11-4 на полувремето. Во второто полувреме охриѓанки не дозволија опуштање и забележаа триумф со двоцифрена разлика на семафорот.

Во листата на стрелци се истакна Теодора Балоска со шест голови, по четири реализираа Тарама Маркоска и Викторија Алексиоска, на три погодоци застанаa Николина Угриноска и Јована Софковска, а по еднаш прецизни беа Драгана Усовиќ и Маја Кутаноска. Најдобар играч во триумфот беше чуварот на мрежата Марија Илоска која запиша 14 одбрани.

Во третата рунда охриѓанки силите ќе ги одмерат со скопски Металург.

OhridNews