Боксерите од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ забележаа две победи во исто толку борби кои се одржаа во Тетово во рамките од втората рунда во екипното првенство во Македонија.

Ферит Хоџа во велтер категоријата до 69 килограми со нокаут во првата рунда го совлада ривалот од Универзалци, додека Арсим Етеми вo пoлутешкa кaтегoријa дo 81 килoгрaм гo нoкaутирa дoмaшниoт бoксер oд Шкендијa вo втoрaтa рундa.

Филип Момировски и Имет Зулали не настапија, бидејќи немаа противници. Следниот предизвик за охридските боксери ќе биде турнирот во Битола во организација на Пелистер.

OhridNews