Кошаркарскиот клуб АВ Охрид не успеа да се закити со медал на Меѓународниот турнир „Георги Христов“, кој се одржа изминативе два дена во Ботевград, Бугарија.

„Галебите“, во полуфиналната пресметка изгубија од домаќинот Балкан со 98-81, додека во средбата за бронзениот медал изгубија од составот на Берое 88-84.

Охридските кошаркари со мечевите во подготвителниот период ќе продолжат викендов на домашен терен против тимот на Берое. Двата состави ќе одиграат тест средби в сабота и в недела со почеток во 16 часот.

OhridNews