Подмладениот состав на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз и во вториот подготвителен натпревар против  селекцијата на Хрватска .

Со идентична 4 гола разлика бевме поразени на два натпревари. На првиот со  29:23, додека на синоќешниот натпревар избраничките на Љупчо Савевски беа поразени со 32:28.

Наредниот противник со кого ќе ги одмериме силите е соодветната селекација на Србија. Првиот меч меѓу најдобрите македонски и српски ракометарки се игра во петок во 19:30 часот, додека саботниот натпревар започнува во 12 часот.