Во последното деноноќие регистриртани се 28 пожари на отворено во државата, од кои еден се уште е активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

РЦУК Скопје бележи пет, односно четири изгаснати пожари, РЦУК Охрид два, РЦУК Велес и РЦУК Штип по еден, РЦУК Битола шест, РЦУК Тетово пет, додека РЦУК Куманово бележи осум изгаснати пожари на отворено, се наведува во соопштението.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
OhridNews
фото. Архива













