Georgia-Malta 1 (1.4)
Вечерва пријателски натпревар играат Грузија-Малта,а наш избор е домаќинот.
Репрезентацијата на Грузија се наоѓа на 126-то место на ФИФА ранг листата,а на последните 5 натпревари општо имаат една победа против Гибралтар со 0:3,и 4 порази (Соединети Арапски Емирати 1:0,Република Ирска 1:2,Шкотска 1:0,Полска 0:4).
Од друга страна пак репрезентацијата на Малта на ФИФА ранг листата се наоѓа на 145-то место и на последните 5 натпревари општо имаат еден нерешен натпревар со Бугарија и 4 порази (Словачка 1:0,Хрватска 2:0,Норвешка 0:3,Италија 0:1).
По традиција овие две репрезентации се изедначени со по една победа и еден нерешен натпревар.
Scotland-N. Ireland 1 (1.8)
Вечерва пријателски натпревар играат Шкотска-Северна Ирска,а ние типуваме на домаќинот.
Репрезентацијата на Шкотска на ФИФА ранг листата се наоѓа на 39-то место,а на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Грузија 1:0,Република Ирска 1:0),еден нерешен натпревар со Полска со 2:2 и два порази (Германија 2:1,Англија 1:3).
Од друга страна пак репрезентацијата на Северна Ирска се наоѓа на 43-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо имаат 3 победи (Унгарија 1:2,Фарски Острови 2:0 и против нашиот северен сосед 0:2) и два порази (Чиле 2:0,Романија 2:0).
И традицијата е на страна на домаќинот кој против Северна Ирска имаат скор од 5-3-1.