Chelsea-Crystal Palace 1 (1.4)

Попладнево во Премиер Лигата се играат уште два натпревари од 35-то коло.Играат Челзи-Кристал Палас,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Челзи денес игра за титула првак во Премиер Лигата,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Стоук 2:1,Кпр 0:1,Манчестер Јунајтед 1:0,Лестер 1:3) и еден нерешен и без голови натпревар со Арсенал.

Од друга страна пак Кристал Палас се наоѓа на 12-та позиција со изборен опстанок,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Стоук 1:2,Манчестер Сити 2:1,Сандерленд 1:4) и два порази во низа од ВБА и Хал со идентични 0:2.

И по традиција подобра е екипата на Челзи со скор од 5-0-1.

Tottenham-Manchester City 2 и 3+ (2.9)

Попладнево во Премиер Лигата играат и Тотенхем-Манчестер Сити,а ние типуваме на гостите и 3 или повеќе голови.

Екипата на Тотенхем се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Лестер 4:3,Њукасл 1:3),два нерешени натпревари (Барнли 0:0,Саутемптон 2:2) и пораз од Астон Вила со 0:1.

Од друга страна пак Манчестер Сити игра за диретен пласман во Лигата на Шампиони,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (две во низа)(ВБА 3:0,Вест Хем 2:0,Астон Вила 3:2) и два порази (Кристал Палас 2:1,Манчестер Јунајтед 4:2).

По целокупна традиција пак подобри се домаќините со скор од 16-5-10,но ако се земат во предвид последните 10 меѓусебни натпревари подобра е екипата на Сити со скор од 7-1-2.