Hull-Southampton 2 (2.1)

Попладнево во Англија се игра 10-то коло од Премиер Лигата.Наш избор е натпреварот Хал-Саутемптон,а типуваме на гостите.

Екипата на Хал се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против Кристал Палас со 2:0,три нерешени натпревари (Њукасл 2:2,Арсенал 2:2,Ливерпул 0:0) и пораз од Манчестер Сити со 2:4.

Од друга страна пак екипата на Саутемптон се наоѓа на 2-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (две во низа)(Свонси 0:1,КПР 2:1,Сандерленд 8:0,Стоук 1:0).

И според традиција подобра е екипата на Саутемптон,која против Хал имаат одиграно 10 натпревари,а на 6 пати триумфирале,3 пати завршиле без победник и еднаш триумфирала екипата на Хал.

Bayern München-B. Dortmund 1 (1.55)

Вечерва во германската Бундес Лига играат Баерн Минхен-Борусија Дортмунд,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Баерн е лидер во лигата и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Падерборн 4:0,Келн 0:2,Хановер 4:0,Бремен 6:0) и еден нерешен и без голови натпревар со екипата на Менхенгладбах.

Од друга страна пак екипата на Дортмунд годинава во Бундес Лигата е во очајна форма,се наоѓаат на 15-та позиција и на последните 5 натпревари имаат еден нерешен натпревар со Штутгард со 2:2 и 4 порази во низа (Шалке 2:1,Хамбургер 0:1,Келн 2:1,Хановер 0:1).

На последните 30 меѓусебни натпревари,13 пати победила екипата на Баерн,6 пати завршиле без победник и 11 пати триумфирала екипата на Борусија Дортмунд.