Parma-Roma 2 (2.1)
Вечерва продолжуваат натпреварите во италјанската Серија А,играат Парма-Рома,а ние типуваме на гостите.
Екипата на Парма се наоѓа на 13-та позиција со една победа против Киево со 2:3 на гости и два порази (Чезена 1:0,Милан 4:5).
Од друга страна гостите од Рим се во одлична форма со три победи во првите три кола (Фиорентина 2:0,Емполи 0:1,Каљари 2:0),без примен гол и со право се лидери во Серија А сега за сега.
И според традиција подобри се гостите кој на последните 6 дуели против Парма имаат 5 победи и еден пораз.
Shkendija-Vardar 2 (2.25)
Попладнево во домашниот Куп се игра натпреварот Шкендија-Вардар.Според нас на овој дуел би требало да триумфираат гостите од Скопје.
Екипата на Шкендија на последните 5 натпревари имаат една победа против Силекс со 3:0,три нерешени натпревари (Пелистер 0:0,Ренова и Металург со 1:1) и пораз од Работнички со 3:2.
Од друга страна пак екипата на Вардар на последните 5 натпревари имаат две победи (Работнички 0:2,Металург 1:4) и три нерешени натпревари (Ренова 1:1,Турново 0:0,Тетекс 2:2).
Последниот натпревар меѓу овие две екипи се играше пред месец и половина и тогаш Вардар убедливо победи со 3:0 и не гледаме причина зошто тоа да не се повтори и денес во Тетово.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com