Колумбија-Грција 1 (1.91)

Вечерва продолжува Светско Првенство во Бразил,а наш избор е натпреварот Колумбија-Грција и типуваме на Колумбија.

Репрезентацијата на Колумбија се наоѓа на 8-та позиција на ФИФА ранг листата и 4 пати играла на светските првенства,а на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Јордан 2:0,Белгија 0:2) и три нерешени натпревари (Сенегал 2:2,Тунис 1:1,Холандија 0:0).

Од друга страна нашиот јужен сосед се наоѓа на 12-та позиција на ФИФА ранг листата и имаат два настапи на Светските Првенства,а на последните 5 натпревари имаат една победа со Боливија со 2:1,три нерешени натпревари (Романија 1:1,Нигерија и Португалија 0:0) и пораз од репрезентацијата на Јужна Кореја со 0:2.

Овој натпревар ќе биде првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации.

Уругвај-Костарика 1 (1.44)

Друг интересен натпревар вечерва за типување е Уругвај-Костарија и наш избор е репрезентацијата на Уругвај.

Уругвај се наоѓа на 7-та позиција на ФИФА ранг листата,играле на 11 светски првенства,а освоиле 2.На последните 5 натпревари имаат три победи (Словенија 2:0,Северна Ирска 1:0,Јордан 0:5) и два нерешени натпревари (Австрија 1:1,Јордан 0:0).

Од друга страна пак репрезентацијата на Костарика се наоѓа на 28-та позиција на ФИФА ранг листата,а играле на 3 светски првенства.На последите 5 натпревари имаат една победа против Парагвај со 2:1,еден нерешен натпревар со Ирска со 1:1 и три порази (Јапононија 1:3,Јужна Кореја 0:1,Чиле 4:0).

И традиција е на страна на репрезентацијата на Уругвај која против Чиле има 3 победи и два нерешени натпревари.