Олимпискиот стадионот во Баку и стадионот во изградба на Атлетико Мадрид, Ванда Метрополитано се кандидати за организација на финалето во Лигата на Шампиони за 2018/19 сезоната.


Стадионот во Баку со капацитет од 69.870 гледачи изграден е 2015 година за потребите на Европското првенство во 2020 година кое ќе се одржи во четири земји. Градот Баку и Олимпискиот стадион беа домаќини на Олимписките игри за спортисти од Европа.


Атлетико Мадрид, односно нивниот стадион Ванда Метрополитано сака да им се придружи на Сантијаго Бернабеу и Ноу Камп кои ги имаат почестено финалистите во ЛШ.

На Ноу Камп се играше легендарното финале меѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен во кое победија „црвените ѓаволи“, додека Интер со победа над Баерн Минхен на Сантијаго Бернабеу ја освои третата европска круна.


Стадионот на Атлетико Мадрид, Ванда Метрополитано ќе има капацитет од 67 000 гледачи, а треба да биде завршен до почетокот на сезоната 2017/18.

Финалето во оваа сезона во ЛШ ќе се одигра на Милениум стадионот во Кардиф, додека 2018 домаќин на најдобрите клупски екипи ќе биде Олимпискиот стадион во Киев познат како Лужники.

OhridNews