Два златни и еден сребрен медал освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид на меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS 2023) кој оваа година се одржа во период од 28 септември до 1 октомври.
Домаќин на 11-тиот натпревар беше Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“-Охрид.
На натпреварот учествуваа вкупно 15 училишта од земјите од поранешните југословенски републики, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Натпреварот се одржа во хотелот „Метропол- Белви“- на брегот на Охридското Езеро во дисциплините угостителско послужување, готварство и подготовка на туристички аранжмани (со посебен нагласок на планинскиот, рурален туризам), а се натпреваруваа околу 200 учесници, информираат од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид.
Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид медали освоија златни медали за готварство и туристички аранжмани и сребрен медал за послужување:
ГОТВАРСТВО
– Никита Мишевски
– Валентин Матоски
– Антонио Мицески
ментор: Војо Ангелоски
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ
– Петар Ѓорѓиев
– Христина Кушлаковиќ
– Бранкица Велевска
ментор: Јелиз Караман Бешир
ПОСЛУЖУВАЊЕ
– Константин Мурговски
– Филип Јордановски
– Христијан Крчов
ментор: Елена Спировска.
На најдобрите и највештите учесници- ученици и ментори им беа доделени златни, сребрени и бронзени дипломи. За сите учесници беа организирани посети на најзначајните споменици на историјата и културата во стариот дел од градот, манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и локалитетот- наколно живеалиште „Залив на коските“, додаваат од училиштето.
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2024 , ќе биде градот Осијек- Хрватска.
OhridNews
фото. РЦСОО „Ванчо Питошески“