Ноќеска околу 03,13 часот на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода во која 23-годишен скопјанец Д.С. управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот, 23-годишен жител на Охрид. Тие биле пренесени во Ургентен Центар-Скопје, каде околу 03,50 часот Д.С. починал, додека младиот охриѓанец е во животно загрозувачка состојба, информира МВР.
OhridNews











