Две лица се убиени во престрелката што се случила вчера околу 18 часот во Кичево, соопшти МВР.

Во престрелката биле повредени уште две лица кои се пренесени во  Ургентен Центар-Скопје.

Увид на лице место извршиле истражните органи.

Причина за престрелката како што соопшти полицијата биле нерасчистени семејни проблеми.

По наредба на истражен судија телата на починатите се предадени за обдукција. СВР-Кичево презема мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews