Комисијата за верификација на фактите донесе решение со кое уште двајца актуелни функционери од владејачките партии ги прогласи за кодоши.

Неофицијално, станува збор за двајца советници во општини, едниот Македонец, кој работел како советник во општина Гази Баба, а другиот Албанец кој работел како советник во општина Боговиње, пренесува „Макфакс“.

За разлика од претходно, сите членови, освен еден кој бил воздржан, гласале за прогласување на овие функционери за соработници на тајните служби.

Според новиот Закон за лустрација во рок од три дена се очекува нивните имиња и документи да бидат објавени на интернет страницата на Комисија за лустрација.

OhridNews
извор:„Макфакс“