
Судот на првообвинетиот Цвете Вранишкоски му изрече казна затвор во траење од три години, додека Климе Миладиноски и Гоце Јанески се ослободени од обвиненијата поради недостиг на докази.
Инаку претходно судот на тројцата обвинети им изрече вкупна затворска казна од 10 години и 4 месеци. На жалба на одбраната во ноември минатата година Апелациониот суд во Битола ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно судење, кое заврши денеска.
Во трагичниот настан што се случи на 11 септември 2010 година, животите ги загубија д-р Јосиф Докоски, д-р Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.











