Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 15 казнени дела „Тешка кражба“, поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на кои од страна на истражен судија им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
Пријавените, во периодот од 18-ти јули до 8-ми септември оваа година неовластено одзеле околу 2200 литри нафта, со што се стекнале со противправна имотна корист од 160.000 денари. По претходен меѓусебен договор, сега притворените, со употреба на подесен алат и физичка сила насилно ги отварале резервоарите од туристички автобуси паркирани пред ресторани, хотели и други угостителски објекти во градот и хотелските комплекси. Користејќи алат, вршеле отварање на резервоарите и со црево ја прелевале нафтата во пластични канти. На тој начин, охриѓаните оштетиле повеќе туристички автобуси од Полска, Чешка, Австрија, Литванија, Бугарија, Романија, Албанија и Македонија.
Пријавените, кражби на нафта вршеле и од товарни моторни возила паркирани во периферниот дел на градот. Дел од украдената нафта користел еден од пријавените кој бил нерегистриран такси превозник, а останатиот дел од нафтата заедно ја продавале на лица од Охрид.
При извршен претрес во нивните домови како и во такси патничкото моторно возило марка „Форд Ескорт“ полициските службеници пронашле повеќе пластични канти од 200 литри, нараквици, повеќе ребрасти црева, рачно изработена инка, една безбол палка како и други предмети. Тие се одземени и предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавените се лица познати на службата против кои, по разни основи и досега се поднесувани кривични пријави.
OhridNews