СВР Битола поднесе кривична пријава против 27- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и перкусори”.
На 07.04.2014 година на ул. “Довлеџик” во Битола од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило “Пежо” управувано од страна на пријавениот, во кое како сопатник бил уште еден охриѓанец. При претрес на истото под хаубата пронајдени биле две црни најлонски кеси во кои што имало 750 грама опојна дрога-марихуана.
Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот изречена му е мерка 30 дена притвор.
OhridNews