Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против две лица од Охрид на возраст од 20 и 23 години поднесе кривична пријава.

Како што нформираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавените, казненото дело го извршиле рано утрово околу 02 часот и 30 минути во холот од полициската станица Охрид. Едниот од нив неповикан влегол во станицата и физички ги нападнал полициските службеници кои работеле на случај на нарушување на јавен ред и мир во кој учесник бил неговиот брат. Иако соочени со неочекуваниот физички напад, полициските службеници го совладале лицето, како и неговиот брат кој исто така бил вмешан во инцидентот, додаде Димоски.

Пријавените, по консултација со јавен обвинител биле лишени од слобода. Со поднесената кривичната пријава тие ќе бидат изведени пред јавен обвинител соопшти СВР Охрид.

OhridNews