Поранешните фудбалери Фернандо Иеро и Гути Хернандез заедно со италијанскиот стратег Антонио Конте конкурираат за предводење на клупата на Реал Мадрид, откако остана празна по заминувањето на Зинедин Зидан.
Иеро и Гути се фаворити на шпанските медиуми, додека Конте го сметаат за идеален избор поради неговото искуство и харизма која ја има водејќи ја екипата покрај аут линијата.
50-годишниот Иеро сезоната 2014-2015 година ги предводел младинците на Реал Мадрид, а сезоната 2016/17 ја минал во Овиедо. Гути пак кој активно од фудбалот се повлече 2011 година од 2013 година работи во младинскиот погон во кралскиот клуб.
„Кралевите“ имаа три неуспешни обиди за ангажман на нов тренер. Првични ги одби моменталниот селектор на Германија, Јоаким Лев, младиот Жулијан Нагелсман кој го предводи Хофенхајм и искусниот стратег на клупата од Јувентус, Масимилијано Алегри.
OhridNews