Две лица се повредени во меѓусебна пресметка што вечерва се случила во центарот на Струга.

Како што дознаваме лицата се здобиле со прострелни рани од огнено оружје, едниот во пределот на стомакот, а другиот во долните екстремитети.

Повредените, едниот од Струга, другиот од с. Калишта, се пренесени во струшката болница, а полицијата работи на расветлување на случајот.

OhridNews