Екипата на Висла Плоцк не ги продолжи мечевите во Лигата на Шампиони, но извлече реми на гостување во Скопје ремизирајќи 31-31 со европскиот шампион Вардар.

Одличната партија на полјаците им донесе неколку индивидуални признанија. Левото крило Крајевски и левиот нек Дуарте се најдоа помеѓу најдобрите ракометари, додека нивниот голман има одбрана помеу најдобрите.

Македонскиот клуб свој преставник има во Вуко Борозан кој со вистински проектил го матираше гостинскиот голман и се пласираше на 4-та позиција во изборот на ТОП 5  головите.

Идеалниот тим:

Лево крило: Прцемислав Крајевски (Висла Плоцк)

Лев бек: Жилберто Дуарте (Висла Плоцк)

Среден бек: Никола Клер (Нант)

Десен бек: Марко Вујин (Кил)

Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)

Пикер: Бјарт Мирхол (Скјерн)

Голман: Тибор Иванишевиќ (Скјерн)

OhridNews