Сопственик на менувачница смртно застрелал двајца разбојници при обид за кражба, што се случил попладнево околу 16.35 часот во населбата Кисела вода во Скопје.
Според првичните сознанија на полицијата, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот.
СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот, информира МВР.
OhridNews