Таксист и жена која била во такси возилото загинаа на лице место во сообраќајка што се случила ноќеска во 3.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, такси возило марка „мерцедес“, со коешто управувал триесет и петгодишен скопјанец, излегло надвор од коловозот, удрило во жардиниера, а потоа во дрво.

Возачот и триесет и седумгодишна скопјанка, која била во возилото, починале на лице место.

Увид на лице место извршила екипа на СВР Скопје, а на местото на несреќата дошол и Јавен обвинител кој наредил телата на починатите да бидат однесени во Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција над телата.

Се испитува дали жената која била во таксито била патник, односно клиент или се познавале приватно со таксистот.

OhridNews
Извор:„Макфакс“