Хантан вирус, најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром, е причина за смртта на двајцата пациенти од гостиварско, соопшти Министерството за здравство
– Стручни екипи од Институт за Јавно здравје и Центарот за јавно здравје тетово, излегоа на терен во с. Симница, извршија комплетен епидемиолошки увид и анкета, извршена е дератизација и дезинсекција во домовите и другите придружни објекти на починатите, земени се мостри за анализа за водата за пиење, извршено здравствена едукација на населениото за симптомите на болеста и превенција од истата. Посочените стручни екипи заедно со агенција за храна и ветерина, ги продлабочија надзорите на пошироката околина, влучително и бачилото каде што престојувале дел од засегнатите. – соопшти министертвото.
Во врска со случајот на фејсбук страната на Министерството за здравство од САД се обрати министерот Таравари, кој таму престојува во работна посета.
OhridNews