За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување, пациент кој е вратен од Марибор, велат од Министерството.
Додаваат дека состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информираа, додека останатите пациенти се во стабилна состојба.
OhridNews











