На 30.06.2023 година во 18 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59-годишно лице од охридската населба Рача, при изведување работни активности во дворното место, паднало од скали и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На 30.06.2023 година, во СВР Охрид пријавено е дека, 58-годишен жител од селото Рајце, Република Албанија, се повредил при изведување работни активности- сеча на дрва во месноста „Руен“, атар на струшкото село Франгово.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде se констатирани тешки телесни повреди, информира СВР Охрид.

 

Г.М.