Деветкратниот освојувач на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид со две крајно дискутабилни одлуки успеа да го совлада Јувентус 2-1 во третата рунда од групната фаза.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ за домаќините започна одлично откако Кристијано Роналдо по асисентција на Анхел Ди Марија го отвори резултатот.

Примениот погодок не го поколеба италијанскиот првак за надигрување со „галактикосите“ и за нецели 15 минути од изедначи 1-1 со погодокот на Шпанецот, Љоренте.

Една од двете сомнителни одлуки на германскиот арбитар, Мануел Графе беше да досуди пенал по асистенција на судијата позади голот после дуелот на Киелиени и Рамос. Роналдо со вториот гол на мечот седми сезонава одново носи водство за „кралевите“.

На стартот од вториот дел, Киелени стартуваше врз Ронадло на работ од казнетиот простор. Графе ја запре играта и му додели директен црвен картон на стоперот во екипата на Јувентус.

„Старата дама“ немаше сила со десет фудбалери да стори нешто повеќе против разиграните фудбалери на Реал Мадрид кои рутински ја осигураа третата победа во групата.

Резултати :

Група А : Мен Ју – Реал Сосиедад 1-0, Леверкузен – Шахтјор 4-0.
Табела : Мен Ју 7, Леверкузен 6, Шахјтор 4, Реал Сосиедад 0.

Група Б : Галатасарај – Копенхаген 3-1, Реал Мадрид – Јувентус 2-1

Табела : Реал Мадрид 9, Галатасарај 4, Јувентус 2, Копенхаген 2,

Група Ц : Андерлехт – ПСЖ 0-5, Бенфика – Олимпијакос 1-1
Табела : ПСЖ 9, Олимпијакос 4, Бенфика 4, Андерлехт 0.

Група Д : ЦСКА – Мен Сити 1-2, Баерн Минхен – Викторија Плзен 5-0

Табела : Баерн Минхен 9, Мен Сити 6, ЦСКА 3, Плзен 0.

Мх.П.