Веќе две години во Охрид успешно работи „Мега продукција“. Тимот составен од искусни сниматели, фотографи и монтажери со долгогодишно скуство во професијата, денес е препознатлив квалитет во снимањето настани од разни области како концерти, семинари, конгреси, политички собири, емисии, спортски натпревари, музички спотови, семејни веселби… 

„Мега продукција“ годинава во соработка со OhridNews реализираше видео стриминг пренос во живо од одбележувањето на празникот Водици, а овој тим стои и зад популарниот интернет серијал „Идиотека“, како и познатите „Охридски разговори“.

„Мега продукција“ има реализирано голем број независни проекти и маркетинг кампањи, како и голем број професионални фото сесии, изработува идејни решенија, заштитни лога, каталози, брошури и друго.

Продукцијата фотографски покрива еминентни настани и збиднувања, како што е фестивалот „Охридско лето“ и се грижи за маркетингот на повеќе познати компании.

Видео сегментот го покриваме со најсовремена HD видео опрема, додека фото опремата со која располагаме е последен збор на технологијата. Единствени сме со монтажно студио за 12 камери, а располагаме и со професионално осветлување, кран камера, камери за под вода и камера хеликоптер, велат од “Мега продукција“, која за две годии постоење веќе има богато портфолијо од стотици видео и фото документирани настани и медиумски проекти, како и над 300 семејни веселби.

OhridNews