Охридскиот Народен татар се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малиот Кирил Митрески со тоа што ќе организира две хуманитарни претстави.

Според најавите, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва, охриѓани ќе имаат можност да ја погледнат театарската импровизација „Импровокација“ со актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипроски.

Во сабота на 5-ти март со почеток во 12 часот, ќе биде одиграна театарска претстава за деца и младинци „Убавицата и ѕверот”. Претставата е работена по текст на Шарл Перо, во режија на Ѓорѓи Ризески. Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов, Биљана Билаловиќ Вељаноска и Филип Кипровски.

Собраните средства од продажбата на влезниците од картите ќе бидат уплатени на сметката за донации за малиот Кирил.

OhridNews