Немилите настани во екот на туристичката сезона се побројни. Од СВР Охрид информираат за нови незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Во 14,45 часот, на кружната крстосница кај улиците ,,Железничка“ и  ,, 15-ти Корпус“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу  патнички автомобил марка „Пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки на кој се превезувале две лица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 33-годишно лице од Велгошти, а со полесни телесни повреди се здобил 24-годишен охриѓанец. Тие, со возило на брза помош биле пренесени во болница „Св.Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата „15ти Корпус“ од правец на селото Лескоец кон Охрид а автомобилот „Пежо“ се движел по улицата „Железничка“  према улицата „15 Корпус“. На критичното место, се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „Пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвините, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.


Полициската станица од Струга, презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16 часот и 40 минути, управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, повредило 50-годишно лице од струшкото село Ливада. Според пријавата, сега повредениот пливал на оддалеченост од околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер, по што возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Истиот, од друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.

OhridNews