Двајца гости кои престојуваат во хотел, во центарот на Скопје, се тестираат за евентуална инфекција од корона вирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Како што рече министерот, едниот е жител на Австралија, а другиот е од Сингапур. И двајцата допатувале во земјава на 28 февруари, со лет преку Келн, Германија, а изминатите неколку дена пројавиле симптоми на настинка. Министерот информираше дека со двете лица разговараат епидемиолози и пациентите се во своите соби.
Резултатите од испитувањето се очекуваат во текот на денот.
OhridNews