На 02.01.2023 година во 02.15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36-годишен жител на селото Мешеишта, излетало од коловозот.
Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката (32) од Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“. соопшти СВР Охрид.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР-Охрид.
OhridNews