На 01.04.2024 во 13.20 часот во струшкото село Франгово, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 50 годишно лице од истото село и 40 годишно лице од Република Албанија.

Тие се сомничат дека во близина на село Франгово предизвикале пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во државна сопственост. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од МВР.

По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews