На локалниот пат во населбата Рача, вчера, во 13.45 часот, се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од 75-годишен охриѓанец, со задниот дел удрила во камен и се превртела.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Со телесни повреди се здобил и 49-годишниот сопатник од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во охридската Општа болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












