Вчера,во 2 часот во СВР Охрид, лице од приватно обезбедување пријавило дека непознато машко лице по улицата „Димитар Влахов“ вршело оштетување на реклама и стакло. Двајца полициски службеници излегле на местото на настанот и забележале едно 57-годишно лице кое било со шипка во раката и едно 27-годишно лице,информираат од МВР.
Кога полициските службеници се доближиле до двете лица истите ги турнале и физички ги нападнале. По кратко време едното лице било совладано, додека другото успеало да избега.
Од страна на службените лица совладаното лице најпрво било однесено во охридската Општа болница бидејќи се здобило со повреди при вршење на оштетувањата.По укажаната лекарска помош лицето било задржано во полициска станица, додека другото самоиницијативно се пријавило во СВР Охрид.
Направен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews