
Според полицијата, На 6-ти овој месец, на бензиска пумпа двајцата пријавени физички нападнале двајца жители на Охрид. Настанот се случил околу 18 часот кога, сега притворените, влегле во бензиската „Окта“ лоцирана на булеварот „Туристичка“ и веднаш физички ги нападнале охриѓаните задавајќи им повеќе удари со раце и нозе по целото тело. Од силината на ударите, нападнатите се здобиле со повеќе телесни повреди изразени во нагмечување на главата и останатите делови од телото и лесна контузија во пределот на очите.
На тој начин, напаѓачите во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај присутните граѓани во објектот-велат од СВР Охрид. Оттаму посочуваат дека пријавените лица и биле добро познати на службата и против нив досега биле поднесувани кривични пријави.











