Марина во Охрид ќе се гради, но засега не е знае точната локација на која ќе се реализира овој инфраструктурен проект. Премиерот Груевски кој денеска беше во работна посета на Охрид истакна дека во игра се две локации.

Објавен е конкурс за идејно решение. Едната локација е кај пристаништето, а другата кај каналот Студенчишта, кај АРМ. Има мислења дека треба да е на едното и другото место, така што јавниот повик е да се изработи идејно решение за двете места па потоа ќе се избере локацијата. Очекуваме дека работите ќе одат во добра насока, дека по завршување на идејниот и основниот проект ќе отпочне изградбата на марина, за што се обезбедени и средства. – изјави Груевски.

Премиерот додаде дека се предвидуваат и други проекти за развој на туризмот, во рамки на кои ќе се гради нова плажа во Љубаништа. Тој посочи дека тендерот за изградба на оваа плажа ќе се распише во февруари.

Г.М.