На 08.01.2026 во 22:00 часот во СВР Охрид, 39-годишно лице од Охрид пријавило дека околу 19:00 часот во влез од станбена зграда во Охрид, неговата 16-годишна ќерка и нејзиниот 17-годишен партнер биле физички нападнати од едно лице, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews