За време на новогодишната ноќ во Охрид регистрирани се два инциденти, информира СВР Охрид.

Нарушување на јавен ред и мир имало во ноќен клуб на „Железничка“, како и на улицата „Македонски Просветители“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На 01.01.2023 во 03.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Ф.П.(18), Н.Ј.(18), Т.П.(19), И.И.(19), А.А.(18), П.А.(18) и еден 17-годишен малолетник, сите од Кавадарци, 46годишен жител на Велгошти, охридско и 33-годишен охриѓанец. Тие, во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2022 во 02.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле В.В.(25) и И.М.(25), двајцата од Република Србија, и В.И.(19) од с.Брвеница, тетовско, затоа што во близина на угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти Димовски.

 

Во најлудата ноќ не се регистрирани сообраќајни незгоди.

OhridNews