„Црвените“ од Енфилд не застануваат кога се во прашање засилувањата и во еден ги официјализираа трансферите на Жеоржињо Вајналдум и Алекс Манингер.


Вајналдум во Ливерпул доаѓа од тимот на Њукасл додека искусниот чувар на мрежата од германскиот бундеслигаш Аугзбург.

Поранешниот напаѓач на „страчките“ на Енфилд се пресели за 25 милиони фунти, а со новиот клуб потпиша петгодишен договор.

Манингер без оштета го засили Ливерпул, а ќе биде трет избор на голот по Симон Мињолет и Лорис Кариус.


Заедно со Вајналдум и Манингер менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп донесе вкупно седум фудбалери меѓу кои Саидо Мане, дефанзивецот Жоел Матип, Србинот Марко Грујиќ, голманот од Мајнц, Лорис Кариус и Рагнер Клаван.

OhridNews