Маж на возраст од 65 години и 74-годишна жена се нови жртви на грипот од типот А. Тие починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје каде биле хоспитализирани пред 10 дена.

И двајцата имале хронични болести и починале од компликации при лекувањето. Мажот боледувал од карцином, со астма, дијабет, акутна бубрежна слабост, прележан мозочен удар и со тешка двострана бронкопнемовија. Починатата жената имала хронична срцева слабост, хипертензија и билатерална бронхопневмонија со отежнато дишење.

И покрај напорите на лекарите и дадената антивирусна терапија кај пациентите вчера е констатирана смрт.

OhridNews